УПРАВУВАЊЕ СО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ


Потребен Ви е професионален, одговорен и посветен управител на Вашата зграда? Хауз Мајстор Плус е Вашиот вистински избор!

building 783553 640Како лиценцирана компанија за вршење на дејностите на управување со станбени згради според Законот за Домување (со последно издадена лиценца бр. 08-01/3 од 24.01.2022 год. издадена од Регулаторна комисија за домување), Хауз Мајстор Плус од 2012 година го нуди својот професионализам  во управувањето и одржувањето на станбените згради, обезбедувајќи постојана исправност, безбедност и употребливост на сите заеднички делови на зградата како целина, естетски обликуваниот изглед, уредите, инсталациите и опремата на зградата, кои им служат на сите сопственици на станови, односно закупци во зградата.

 

Доколку имате потреба од одговорен и посветен управител на Вашата зграда, Хауз Мајстор Плус е Ваш најповолен избор.

 Како управител на Вашата зграда Ви нудиме:

  • Одржување на хигиената во зградата на високо ниво со употреба на исклучително квалитетни средства.
  • Услуги од професионално обучен и опремен персонал.
  • Одговорно и професионално управување и одржување на Вашиот објект.
  • Техничко одржување на заедничките делови во зградата преку вршење на поправки од помал обем (промена на светилки, приклучоци, поправка на влезна врата, поправка на прозори, замена на резервни делови и слично).
  • Контрола на квалитетот на услугата преку нашите супервизори.
  • 100% гарантиран квалитет на услугите.
  • Реализација на инвестициски проекти во зградата согласно Вашите барања и потреби.
  • Детален стручен увид пред превземање кој е основа за квалитетно одржување со објектот.
  • Изработка и спроведување на план за одржување на Вашата зграда.
  • Отчетно и детално фактурирање на месечните сметки за станарите и прецизна евиденција на Вашите уплати.
  • Одговорно подмирување на сите тековни трошоци на зградата.
  • Сметки без дополнителни и скриени трошоци.
  • Одговорна грижа за наплата на средствата преку нашиот Контакт центар и преку потсетници и опомени за заостанат долг или постапки за наплата на долг.
  • Транспарентно работење и постојано информирање на сопствениците во зградата.
  • Континуирано сервисирање на обврските на зградата кон трети лица.
  • Постојано достапни за информации, интервенции и поплаки преку Контакт центарот или е-маил.
  • Брза и ефикасна услуга и итни интеревенции во секое време.
  • Редовна комункација со  лиценцираните компании за сервисирање и одржување на лифтовите и ПП апаратите во зградата.
  • Целосна стручна административна поддршка при изработка на потребна документација за заедничките делови во зградата.
  • Постојани попусти и промоции за нашите клиенти.
  • Широка мрежа на надворешни реномирани партнери.

Водени од потребите на нашите клиенти Ви нудиме различни видови на услуги поврзани со управувањето и одржувањето на Вашата зграда односно на заедничките делови во зградата. 

 

 

Со изборот на Хауз Мајстор Плус за управител на Вашата зграда, дополнително како сопственик на стан во зграда со која управува Хауз Мајстор Плус добивате од 10% до 30% попуст за хаусмајсторски услуги во вашиот стан и за професионалните услуги за чистење на станот.

Согласно бројот на станови во зградата и потребите на станарите, Хауз Мајстор Плус Ви нуди и бесплатни услуги и услуги со попуст*.

 

 

 

X

Right Click

No right click