Продолжено работното време за хаусмајсторски поправки до 20:00 часот

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Со цел излегување во пресрет на барањата на клиентите за услуги во термини кои за нив се најпогодни, Хауз Мајстор Плус воведе двосменско работење на хаусмајсторите со што нашите клиенти наместо до 16:00 часот, од 01.03.2019 година ќе можат да ги користат хаусмајсторските услуги од 08:00 до 20:00 часот.
Причина за оваа промена се зачестените барања од клиентите за создавање на можности за реализација на овие услуги во попладневните часови што за Хауз Мајстор Плус, претставуваше повеќе од доволна причина за продолжување на работното време на нашите хаусмајсторски тимови и зголемување на периодот за пружање на овој вид услуги.
Со воведувањето на оваа промена, нашите клиенти, хаусмајсторските услуги и потребните поправки ќе можат да ги добијат во термин кој најмногу одговара на клиентот и целосно приспособен според нивнотоработно време и обврски, откако претходно истите ќе ги пријават во нашиот контакт центар на 13434 или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или пак на бројот за итни интервенции +389 78 398788.
Како компанија која секогаш е фокусирана кон барањата и очекувањата на клиентите, Хауз Мајстор Плус и во идниот период ќе продолжи во соработка со клиентите да ги подобрува услугите и начинот на нивната реализација.

X

Right Click

No right click