Мисија и визија

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

МИСИЈА И ВИЗИЈА

 

Мисија

Хауз Мајстор Плус од првиот ден на своето постоење секогаш се води од својата основна мисија за создавање на квалитетни и професионални услуги поврзани со управувањето и одржувањето на објекти, одржувањена хигиената и хаусмајсторски услуги. Својата мисија, Хауз Мајстор Плус успешно ја остварува веќе 10 години, со целосна посветеност и одговорност како кон корисниците на услуги така и кон своите вработени. Мисијата на нашата компанија не е само да одговори на потребите и барањата на клиентите туку и постојано да се стреми кон подобрување на квалитетот на услугите, подобрување на сопствените капацитети и подобрување на комуникацијата со корисниците на услугите. 

Визија

Нашата визија е да останеме синоним за компанија која постојано поставува нови стандарди и воведува нови практики како во делот на професионалното одржување на хигиена и хаусмајсторски услуги така и во делот на управување и одржување на станбени и деловни објекти. Синоним за компанија која секогаш е во чекор со новите трендови и која секогаш е во комуникација со своите клиенти, бидејќи само така можат да се подобруваат услугите, да се креираат нови услуги, нови техники, пристапи и практики и да се остваруваат очекуваните цели за задоволни и лојални вработени и клиенти, задоволни деловни партнери и зголемено позитивно оптествено влијание.