ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ОНЛАЈН - ПЛАТЕТЕ ЈА ФАКТУРАТА ОНЛАЈН!
![]() |
Хауз Мајстор Плус во рамки на услугите ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ОНЛАЈН Ви овозможува ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ НА ФАКТУРИТЕ за управување и одржување на зградата. Ценејќи го Вашето време, Ви овозможуваме на брз и едноставен начин да ја платите фактурата без да има потреба да чекате ред на шалтери.
Истовремено, преку оваа услуга во секое време можете да добиете преглед на Вашите неплатени фактури и во едноставна постапка на брз и лесен начин да ги подмирите Вашите месечни сметки за управување и одржување на зградата.
Воведувањето на оваа услуга претставува дел од нашата услуга ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ОНЛАЈН во чии рамки досега ја имаме воведено услугата Е-ФАКТУРА преку која корисниците на нашите услуги имаат можност да ги добиваат месечните фактури на електронска адреса како и услугите за пријава на проблем или поплака преку нашата апликација и за електронски барања на понуди за нашите услуги.
ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС СЕКОГАШ ТУКА ЗА ВАС! |