ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ЗГРАДИТЕ ШТО ГИ УПРАВУВАМЕ

20200401 125609Како одговорна компанија која согласно мерките и препораките поврзани со превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) од 10.03.2020 година воведе чистење со средства за дезинфекција во зградите со кои управуваме, Ве известуваме дека со овој начин на чистење продолжуваме и во следниот период.

Чистењето со средствата за дезинфекција ќе продолжи да се релизира два пати неделно во секоја зграда што ја управуваме и во рамки на истото се дезинфицираат заедничките делови во зградите односно ходниците, скалите, гелендерите, влезни врати и лифтовите.

Во овој контекст а со цел подобра и поквалитетна дезинфекција извршуваме и вонредни прскања со средства за дезинфекција а во одредени згради што ги управуваме во соработка со станарите започнавме и со поставување на диспанзери за дезинфекција на раце во влезовите.

Истовремено, како одговорен и посветен управител сме во постојана комуникација со претставниците на зградите што ги управуваме и се трудиме да излеземе во пресрет на секое барање од станарите а со цел што е можно подобро одржување на хигиената во заедничките делови на зградата.

Хауз Мајстор Плус ги известува своите клиенти за сите дополнителни барања или консултации да не контактираат преку нашиот Контакт центар или нашата електронска пошта.

 Се однесуваме одговорно и со посебна грижа за јавното здравје!

 

20200401 125852

X

Right Click

No right click