ПОЛИТИКА ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА
Хауз Мајстор Плус за корисниците на своите услуги кои ќе извршат погрешна уплата на средства
постапува на следниот начин:
- Правото за поврат на средства може да го искористи секој корисник на услуга кој ќе изврши
погрешна уплата на средствата на сметката на Хауз Мајстор Плус или на сметките за
резервен фонд на зградата во која поседува посебен дел.
- Правото за поврат на средства се остварува со поднесување на барање за поврат на
средства, доказ за реализираната спорна уплата и податоци за уплатувачот, датумот на
плаќање и износот на трансакцијата.
- Потребните документи се доставуваат на адресата на Хауз Мајстор Плус ул.М.Т.Гологанов
бр.15, 1000 Скопје или електронски на адреса: info@hauzmajstor.com
- По разгледување на комплетната доставена документација Хауз Мајстор Плус ќе изврши
поврат на средствата во период не подолг од 10 (десет) дена.
Хауз Мајстор Плус го задржува правото да побара од корисникот - подносител на барањето,
дополнително доставување на документи, објаснување или информации а со цел уредно и точно
утврдување на погрешната уплата.