ПОЛИТИКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИ

Хауз Мајстор Плус своите услуги ги реализира на правни и физички лица на територијата на Република Македонија а услугите поврзани со управување и одржување на станбени објекти согласно Законот за домување ги реализираме на територијата на град Скопје.

Преку нашата веб страна на нашите клиенти им нудиме електронско поднесување на барања за хаусмајсторски поправки и интеревнции, барања за услуги за одржување на хигиена (чистење) како и барања за понуди за управување на заеднички делови во стабени и станбено-деловни објекти. Во согласност со нашите интерни процедури за работа по приемот и обработката на доставеното барање нашите претставници го контактираат клиентот доколку се потребни дополнителни информации или доколку е потребно дефинирање на термин за увид на објектот а со цел квалитетно и навремено извршување на услугите.

По завршување на оваа фаза претставници на Хауз Мајстор Плус со корисникот на услугите го дефинираат терминот на реализација на услугите, периодот на нивно извршување, обемот и динамиката на извршување за истите како и евентуалните потреби за вградување на потрошен материјал или сл.

Наплатата по однос на реализираните услуги се врши по извршување на услугите.