ПОСЛЕДНИ ОБЈАВЕНИ ОГЛАСИ

СМЕТКОВОДИТЕЛ

Потребни квалификации и вештини:

  • Економски Факултет, сметководство и ревизија ќе се смета за предност
  • Активно познавање на актуелната сметководствена регулатива и следење на сметководствени стандарди
  • Одлично познавање на Excel
  • Работно искуство со материјално и сметководствено работење и искуство со работа на сметководствениот програм PANTHEON ќе се смета за предност
  • Познавање на Англиски јазик

Основни задачи и одговорности:

  • Водење на материјално и финансиско сметководство
  • Книжење на влезни и излезни фактури
  • Комуникација со клиенти во делот на финансиските прашања
  • Изработка на фактури за клиенти
  • Книжење на изводи

Личен профил:

  • Одговорна и лојална личност
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа
  • Посветеност за точноста на податоците
  • Одлични комуникациски способности и професионален однос кон клиентите
  • Позитивен и проактивен пристап кон работата 

Хауз Мајстор Плус Ви нуди:

  • Професионална обука
  • Солидни месечни примања согласно работното искуство
  • Одлични услови за работа и пријатна работна средина

ХИГИЕНИЧАРИ (м/ж)
за одржување на станбени згради

Личен профил:

  • Одговорна и лојална личност,
  • Самоиницијативност и посветеност на работата,
  • Подготвеност за тимска работа и професионален однос кон станарите и посетителите.​

Хауз Мајстор Плус Ви нуди:

  • Професионална обука,
  • Солидни месечни примања,
  • Пријатна работна средина.

Хауз Мајстор Плус има постојана потреба од надополнување на потенцијалната база на заинтересирани кандидати за вработување и затоа доколку сакате да бидете дел од потенцијалната кандидатска листа за работни позиции кои би се отвориле во текот на годината пополнете ја оваа on line апликација.

Хауз Мајстор Плус го задржува правото, доколку се јави потреба во текот на годината да ги контактира заинтересираните кандидати и да ги повика на разговор само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Бидете дел од тимот на Хауз Мајстор Плус!


Аплицирајте за вработување во Хауз Мајстор Плус
















Давам изречна согласност Хауз Мајстор Плус Дооел Скопје да ги користи, односно да врши обработка на моите лични податоци, како и да ги чува во базата на лични податоци, за потребите на процесот на интервјуирање и регрутација на кадри за работа во компанијата се додека има потреба од истите, по што истите ќе бидат избришани/уништени, согласно Законот за заштита на личните податоци, но не подолго од 12 месеци. 

(Ве информираме дека во секое време имате право на повлекување на оваа согласност во писмена или друга форма)


captcha
Powered by BreezingForms

X

Right Click

No right click