УПРАВУВАЊЕ СО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ
Потребен Ви е професионален, одговорен и посветен управител на Вашата зграда? Хауз Мајстор Плус е Вашиот вистински избор!
Како лиценцирана компанија за вршење на дејностите на управување со станбени згради според Законот за Домување (со последно издадена лиценца бр. 08-01/3 од 24.01.2022 год. издадена од Регулаторна комисија за домување), Хауз Мајстор Плус од 2012 година го нуди својот професионализам во управувањето и одржувањето на станбените згради, обезбедувајќи постојана исправност, безбедност и употребливост на сите заеднички делови на зградата како целина, естетски обликуваниот изглед, уредите, инсталациите и опремата на зградата, кои им служат на сите сопственици на станови, односно закупци во зградата.
Доколку имате потреба од одговорен и посветен управител на Вашата зграда, Хауз Мајстор Плус е Ваш најповолен избор.
Како управител на Вашата зграда Ви нудиме:
- Одржување на хигиената во зградата на високо ниво со употреба на исклучително квалитетни средства.
- Услуги од професионално обучен и опремен персонал.
- Одговорно и професионално управување и одржување на Вашиот објект.
- Техничко одржување на заедничките делови во зградата преку вршење на поправки од помал обем (промена на светилки, приклучоци, поправка на влезна врата, поправка на прозори, замена на резервни делови и слично).
- Контрола на квалитетот на услугата преку нашите супервизори.
- 100% гарантиран квалитет на услугите.
- Реализација на инвестициски проекти во зградата согласно Вашите барања и потреби.
- Детален стручен увид пред превземање кој е основа за квалитетно одржување со објектот.
- Изработка и спроведување на план за одржување на Вашата зграда.
- Отчетно и детално фактурирање на месечните сметки за станарите и прецизна евиденција на Вашите уплати.
- Одговорно подмирување на сите тековни трошоци на зградата.
- Сметки без дополнителни и скриени трошоци.
- Одговорна грижа за наплата на средствата преку нашиот Контакт центар и преку потсетници и опомени за заостанат долг или постапки за наплата на долг.
- Транспарентно работење и постојано информирање на сопствениците во зградата.
- Континуирано сервисирање на обврските на зградата кон трети лица.
- Постојано достапни за информации, интервенции и поплаки преку Контакт центарот или е-маил.
- Брза и ефикасна услуга и итни интеревенции во секое време.
- Редовна комункација со лиценцираните компании за сервисирање и одржување на лифтовите и ПП апаратите во зградата.
- Целосна стручна административна поддршка при изработка на потребна документација за заедничките делови во зградата.
- Постојани попусти и промоции за нашите клиенти.
- Широка мрежа на надворешни реномирани партнери.
Водени од потребите на нашите клиенти Ви нудиме различни видови на услуги поврзани со управувањето и одржувањето на Вашата зграда односно на заедничките делови во зградата.