Мрежа на покриеност
- Напишано од Super User
ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС – Една компанија, решение за сѐ!
Вашиот објект е наша грижа!
Професионален и одговорен управител на Вашата зграда!
ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ Скопје
ул. Лондонска бр.11А
1000 Скопје
Контакт центар 13434
Тел. +389 (0)2 3120 222
e-mail: info@hauzmajstor.com
ЗА НАС
Компанијата Хауз Мајстор Плус е основана во 2009 година, како компанија од секторот услуги, со три основни дејности во работењето:
Во дејноста професионални услуги за одржување на хигиена во станбен и деловен простор, Хауз Мајстор Плус на своите клиенти им нуди постојани професионални услуги за хигиена во деловниот или станбениот простор, реализирани од страна на редовно вработени и професионално обучени хигиеничари, со целосна набавка на квалитетни средства и опрема за одржување на хигиената во просториите на клиентите. Во оваа област Хауз Мајстор Плус, покрај еднократни или повеќекратни чистења во станбени објекти согласно потреби на клиенти – физички лица, има потпишано едногодишни и повеќе годишни договори за тековно одржување на хигиената и контиунирано чистење на деловните објекти со повеќе од 100 реномирани компании во државата за чии потреби, компанијата ја одржува хигиената во повеќе од 300 објекти на деловните партнери во целата држава. Во оваа област, Хауз Мајстор Плус има соработка со голем број на компании од енергетскиот, банкарскиот, осигурителниот и ИТ секторот, соработка со медиуми, маркетинг агенции, шпедиции, трговски друштва и други, како и соработка со голем број на амбасади и дипломатски претставништва.
Позитивни резултати и постигнатите успеси во оваа област ја поттикнаа Хауз Мајстор Плус да ја прошири оваа дејност и во областа на одржување на хигиената во производствени капацитети што изминатите години резултираше со успешни резултати. Имено, Хауз Мајстор Плус успешно соработува и дава комплетни професионални услуги за одржување на хигиената во повеќе компании од автомобилската индустрија, во компании од тутунската индустрија и други помали производствени компании.
Во дејноста управување со станбен и деловен простор (согласно Законот за домување) Хауз Мајстор Плус како компанија која е лиценцирана за работа со станбени и деловни објекти (лиценца бр. 0801-52/3) од 2012 година, компанијата преку целосно одржување на хигиената во станбените згради, хаусмајсторски поправки, инвестициони проекти и техничко-административни услуги поврзани со управувањето и функционирањето на станбените згради, успешно управува со повеќе од 250 станбени згради во градот Скопје, преку кои има развиено соработка со повеќе од 6000 сопственици на станбен простор.
Во дејноста професионалнихаусмајсторскиуслуги (техничкоодржување) востанбени и деловниобјектиХауз Мајстор Плус нуди комплетни хаусмајсторски услуги за поправки и итни интервенции кои ги извршуваат тимови на квалитетно обучени и опремени хаусмајстори, кои својата дејност врз основа на примено барање за интервенција ја извршуваат на територијата на градот Скопје а согласно барањата на клиентите и на територијата на целата држава. Овие услуги се достапни за физички лица за потреби за куќни поправки и за компании и правни лица за поправки и интервенции во деловен простор.
Покрај овие основни дејности, Хауз Мајстор Плус во рамки на концептот на професионално управување и одржување на објекти - Facility management, самостојно или во соработка со реномирани компании нуди и услуги поврзани со сервисирање и одржување на лифтови, сервисирање и одржување на ПП апарати, чистење на снег, хортикултурно уредување и одржување, молерофарбарски услуги, дезинфекција, дезинсекција и дератизација, перење теписи, чистење на тапациран мебел, изработка на проекти за ентериерно уредување, инфраструктурно управување и сл.
Сите услуги и комплетното функционирање на Хауз Мајстор Плус се извршува од страна на квалитетно обичен и едуциран хигиено-технички и административен персонал, во кој компанијата редовно инвестира во дополнителни обуки за стекнување на знаења и вештини, како од внатрешни така и од надворешни обучувачи.
Хауз Мајстор Плус целосно ги има имплентирано стандардите: ISO 9001:2015 Систем за Управување со Квалитет, ISO 14001:2015 Систем за Управување со однос кон животната средина и BS OHSAS 18001:2007 Систем за управување со здравје и безбедност при работа а од оваа година е една од 45-те компании во државата која го доби и сертификатот Фер со потрошувачот, издаден со поддршка на ЕУ од страна на Организација на потрошувачите на Македонија и организации од граѓанскиот сектор, што претставува уште една потврда за фокусираноста за потребите и барањата на клиентите и корисниците на нашите услуги.
Покрај грижата за имплементирање на стандарди во работењето и квалитетот на услугите, компанијата особено внимание во текот на својата работа обрнува кон лицата со социјален ризик и лицата од ранливите категории на граѓани (лица приматели на социјална помош, мајки во повеќедетни семејства, жртви на семејно насилство, лица со ниски семејни приходи, лица од ромската популација и сл). Грижата кон лицата од овие категории на граѓани се однесува во процесот на вработување во компанијата и во делот на намалени цени на услугите во објектите кои ги управува компанијата а за кои целосно ги намалува трошоците за хигиена и управување.
Хауз Мајстор Плус со својата дејност и активност, денес поседува респектибилен удел од вкупниот пазар во дејноста со јасно поставени цели за зголемување на својата деловна активност, зголемување на бројот на услуги и зголемување на бројот на вработени.
Хауз Мајстор Плус се грижи за одговорно и професионално управување и одржување на Вашиот објект преку обединување на сите процеси поврзани со управување и одржување со објектите.
Хауз Мајстор Плус
Хауз Мајстор Плус Ви нуди врвни услуги со 100% гарантиран квалитет.
Хауз Мајстор Плус
Во нашата работа користиме исклучително квалитетни средства за чистење кои ги исполнуваат сите еколошки стандарди.
Хауз Мајстор Плус
Ви овозможуваме врвен квалитет на нашите услуги преку брзо и ефикасно излегување во пресрет на Вашите потреби.
Хауз Мајстор Плус
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ
Од вкупно 45 компании кои денес го добија овој сертификат,...
Од вкупно 45 компании кои денес го добија овој сертификат,...
Поставени диспанзери и средства за дезинфекција на раце во зградите...
Поставени диспанзери и средства за дезинфекција на раце во зградите...
Со цел излегување во пресрет на барањата на клиентите за услуги...
Со цел излегување во пресрет на барањата на клиентите за услуги...
Комуникацијата со постоечките клиенти како и со сите заинтересирани...
Комуникацијата со постоечките клиенти како и со сите заинтересирани...
ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ Скопје
ул. Лондонска бр. 11А
1000 Скопје
Контакт центар 13434
Тел. +389 (0)2 3120 222
e-mail: info@hauzmajstor.com
Работно време
Пон 08:00 до 16:00 часот
Вто 08:00 до 16:00 часот
Сре 08:00 до 16:00 часот
Чет 08:00 до 16:00 часот
Пет 08:00 до 16:00 часот
Саб 08:00 до 13:00 часот
Професионалното управување со објектите и правилното одржување на имотот за нас претставуваат сериозна потреба од причина што создаваат исклучително значајна вредност на објектите. За таа цел ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС изминатите години посветено работи на концептот на професионално управување и одржување на објекти - Facility management, кој според истражувањата овозможува заштеда до 30% од оперативните трошоци за управување, вредноста на недвижноста да не се намали повеќе од предевидената стапка на амортизација и кој обединува повеќе дејности со единствена цел - рационално, ефикасно и оптимално искористување на објектите, вклучувајќи ги луѓето, локациите, процесите и технологијата.
Дефинирањето на Facility management како посебна мултидисциплинарна професија, започнува во САД на почетокот на осумдесетите години и подоцна истата започнува да се применува и во Европа во рамки на професионалното управување и одржување на објектите, деловните простории, болниците, хотелите и сите останати видови недвижности.
Facility management во суштина претставува професионално управување и одржување на објектите, со опфат на сите потребни процеси и активности за управување и одржување, што сопственикот на објектот ги доверува на компанија надворешен соработник. Преку Facility management се решаваат сите прашања поврзани со управувањето и одржувањето на објектот помеѓу компанијата давател на услугата и корисникот сопственик на објектот, брзо и ефикасно се елиминираат проблемите што произлегуваат од тековното работење и за време на деловниот процес и се прилагодува услугата согласно барањата на клиентот а во целосна согласност со високите стандарди за квалитет на компанијата давател на услугите.
Facility management ги опфаќа следните услуги:
Одберете Facility management од ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС и добијте комплетна професионална грижа за одржување и управување на Вашиот имот и зголемена вредност на Вашите објекти.
Вашиот објект е наша грижа!
Водени од потребите на нашите клиенти, за опфат на сите сегменти во процесот на одржување на имотот, ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС во соработка со нашите реномирани партнери од различни области, повеќе години го реализира концептот One stop shop, преку кој нудиме широка лепеза на професионални услуги во процесот на одржување на имотот.
Преку концептот One stop shop, ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС нуди професионални услуги во следните области: