ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС – Една компанија, решение за сѐ!
Вашиот објект е наша грижа!
Професионален и одговорен управител на Вашата зграда!

ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ Скопје
ул. Лондонска бр.11А
1000 Скопје
Контакт центар 13434
Тел. +389 (0)2 3120 222
e-mail: info@hauzmajstor.com

КОНТАКТ
ПОТРЕБЕН ВИ Е ПРОФЕСИОНАЛЕН, ОДГОВОРЕН И ПОСВЕТЕН УПРАВИТЕЛ НА ВАШАТА ЗГРАДА?

ПОТРЕБЕН ВИ Е ПРОФЕСИОНАЛЕН, ОДГОВОРЕН И ПОСВЕТЕН УПРАВИТЕЛ НА ВАШАТА ЗГРАДА?

ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС Е ВАШИОТ ВИСТИНСКИ ИЗБОР!

ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ОНЛАЈН!

ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ОНЛАЈН!

ПЛАТЕТЕ ЈА ВАШАТА ФАКТУРА ОНЛАЈН

ИЗБЕРЕТЕ ПОЕКОНОМИЧНО, ПОКВАЛИТЕТНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНАТА ВО ВАШИОТ ДЕЛОВЕН ИЛИ СТАНБЕН ПРОСТОР!

ИЗБЕРЕТЕ ПОЕКОНОМИЧНО, ПОКВАЛИТЕТНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНАТА ВО ВАШИОТ ДЕЛОВЕН ИЛИ СТАНБЕН ПРОСТОР!

ВАШИОТ ОБЈЕКТ Е НАША ГРИЖА!

Професионални услуги за одржување на хигиена во деловен и станбен простор
Управување со станбени згради
Хаусмајсторски услуги
Промоции

ОБРАЌАЊЕ НА ОСНОВАЧОТ И УПРАВИТЕЛ НА ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС


        „Почетоците на мојот бизнис во областа на професионалните услуги за одржување на хигена и управување со објекти датираат уште од 2001 година, кога започнав активно да се занимавам со оваа дејност. Тоа беше време кога оваа дејноста не беше развиена и беше многу тешко на компаниите и физичките лица да им се објаснат предностите од користењето на овие услуги, но свесен дека станува збор за добра работа со трпение и посветеност етапно се развивавме. 
Уште при самите почетоци имавме среќа да бидеме и дел од сериозен општественоодговорен проект кој беше поддржан од Светската Здравствена Организација, за вработување на лица со посебни потреби, што претставуваше и дополнително искуство во работата. 

         Во текот на функционирањето при тековното одржување на хигиената, секојдневно се среќававме со различни проблеми и предизвици меѓу кои беа и техничките проблеми и дефекти за чија поправка и санација моравме да ангажираме мајстори а сето тоа одземаше време и ресурси а сепак не нудеше гараниран квалитет на услугата. Тоа претставуваше еден вид инспирација и поттик да започнам да размислувам за проширување на услугите преку воведување на хаусмајсторски услуги реализирани од професионални и квалитетно обучени и опремени хаусмајстори, а дополнителен поттик за истата добив од мое лично искуство. Имено, неколку дена преку огласи и пријатели барав водоинсталатер, кој откако го најдов дојде дури после една недела, кога и конечно се договоривме за поправката по што поминаа уште три дена за да ја заврши потребната поправка. Само еден ден потоа, проблемот повторно се појави иако ми беше кажано дека работата е завршена со новомонтираните делови и веднаш го побарав мајсторот да дојде да ја корегира грешката. Но сето тоа беше залудно, бидејќи истиот и по неколку дена барање воопшто не се јавуваше. Сето ова ме чинеше време, пари и нервоза а за жал работата не беше завршена. Поради овој пример и слични примери од контакти со компании и пријатели, решивме да ги воведеме и хаусмајсторските услуги, преку кои секое домаќинство и секоја компанија ќе може да добие хаусмајсторски услуги со гарантиран квалитет од нашата компанија, тогаш кога ќе има потреба. Услуги кои ќе бидат извршувани од педантни, обучени, професионални и опремени хаусмајстори кои секогаш после работата ќе оставаат чист и среден простор. Така постепно почнавме да го развиваме и нудењето на хаусмајсторските услуги на домаќинствата и компаниите, кои на почетокот беше многу тешко да ги пробиеме на пазарот но кои подоцна зазема значајно место во дејноста на компанијата.

       После осум години функционирање во оваа област во 2009 година се одлучив да направам уште еден исчекор и да ја формирам компанијата Хауз Мајстор Плус, што погледнувајќи наназад ми претставуваше една исклучително значајна и квалитетна одлука. Со јасно поставени цели и стандарди за работа, со квалитетно екипирање и формирање на квалитетен персонал за работа и со целосна фокусираност кон барањата и потребите на клиентите Хазу Мајстор Плус започна полека и сигурно да се развива. Со квалитетна едукација и обука во реномирани компании од Германија, Италија и Словенија започнав да ги применувам странските искуства и да ги имплеметирам странските стандарди во работата на Хауз Мајстор Плус. Сето тоа беше постојан поттик за проширување на бизнисот, за внесување новини, развој во секоја област и професионален пристап во одржувањето на хигиена, хаусмајсторските услуги и управувањето и одржувањето на објекти. Почнавме да го развиваме и концептот Facility management, кој повеќе од две децении се применуваше во развиените држави а сеуште не беше воведен во тоа време во нашата држава. Тоа беше една новина во работењето која на почеток беше слабо прифатена од компаниите и сопствениците на објекти но подоцна истата почна се повеќе да се користи и практикува.

          Соочувајќи се со проблеми и предизвици низ годините, јас и мојот тим имавме единствена цел – да го градиме Хауз Мајстор Плус како професионална, одговорна и сериозна компанија. Како една компанија, решение за сѐ поврзано со управувањето и одржувањето на објектите. Зацртаната цел не беше ниту лесна ниту едноставна но предизвикот беше огромен. Од година во година Хауз Мајстор Плус постепено растеше и се развиваше како професионална и општествено одговорна компанија, постојано поставувајќи нови стандарди и цели, воведувајќи нови практики во областа и користејќи странски искуства во своето работење. Тој посветен и професионален пристап на работа и таа уникатност во работењето беа препознати од голем број на клиенти, кои ценејќи ја нашата работа најнапред се одлучија да соработуваат со нас а потоа откако се уверија во нашите квалитети, професионалност и одговорност одлучуваа да ја продлабочат и продолжат соработката. Паралелно со тоа, сѐ поголем беше и бројот на нови клиенти кои слушајќи позитивни критики за нашата компанија изразуваа желба да бидат корисници на нашите услуги. Хауз Мајстор Плус растеше и се развиваше, воведувајќи секоја година нови цели и таргети, нови практики и нови пристапи кон клиентите. Инвестирајќи во едукација, обуки и доусовршување на нашите вработени, користејќи современа опрема и алати за работа, употребувајќи еколошки средства за чистење, имплеметирајќи ги ИСО стандардите и постојано воведувајќи нови практики и цели воработата, секоја година се трудиме да бидеме подобри од претходната.  

         Благодарение на нашата силна посветеност и мотивираност, на сите поранешни и сегашни вработени во компанијата, денес Хауз Мајстор Плус претставува една од водечките компании од областа на управување и одржување на објекти, професионални услуги за одржување нахигиена и хаусмајсторски услуги, која почна со 5 вработени а сега брои над 200 директно вработени лица кои секојдневно соработуваат со повеќе од 6000 наши клиенти. Со нашите квалитетни услуги, нашата професионалност и посветеност ја заслуживме довербата на познати меѓународни и домашни компании, дипломатски претставништва, установи, институции и домаќинства, што говори многу за нашата компанија.

         До сега постигнатите успеси претставуваат сериозна обврска и во иднина Хауз Мајстор Плус да ги проширува дејностите и услугите, дополнително да го подобрува квалитетот на услугите, да ги поправаме грешките и пропустите и дополнително да работиме на достапноста и комуникацијата со клиентите и граѓаните. Во периодот пред нас искрено се надевам и посакувам, со нашето знаење и искуство, да го задржиме растечкиот тренд на компанијата и преку напорна тимска работа и воведување нови практики и искуства да продолжиме да чекориме по трасираниот пат.” 

   

Основач и управител

Васе Самараков

Зошто ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС е Вашиот вистински избор


 

Дел од нашите задоволни клиенти

 

 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ Скопје
ул. Лондонска бр. 11А
1000 Скопје
Контакт центар 13434
Тел. +389 (0)2 3120 222
e-mail: info@hauzmajstor.com

Работно време

Пон 08:00 до 16:00 часот

Вто  08:00 до 16:00 часот

Сре  08:00 до 16:00 часот

Чет  08:00 до 16:00 часот

Пет  08:00 до 16:00 часот

Саб  08:00 до 13:00 часот

 

Професионалното управување со објектите и правилното одржување на имотот за нас претставуваат сериозна потреба од причина што создаваат исклучително значајна вредност на објектите. За таа цел ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС изминатите години посветено работи на концептот на професионално управување и одржување на  објекти - Facility management, кој според истражувањата овозможува заштеда до 30% од оперативните трошоци за управување, вредноста на недвижноста да не се намали повеќе од предевидената стапка на амортизација и кој обединува повеќе дејности со единствена цел - рационално, ефикасно и оптимално искористување на објектите, вклучувајќи ги луѓето, локациите, процесите и технологијата. 

  • Дефинирањето на Facility management како посебна мултидисциплинарна професија, започнува во САД на почетокот на осумдесетите години и подоцна истата започнува да се применува и во Европа во рамки на професионалното управување и одржување на објектите, деловните простории, болниците, хотелите и сите останати видови недвижности.

    Facility management во суштина претставува професионално управување и одржување на објектите, со опфат на сите потребни процеси и активности за управување и одржување, што сопственикот на објектот ги доверува на компанија надворешен соработник. Преку Facility management се решаваат сите прашања поврзани со управувањето и одржувањето на објектот помеѓу компанијата давател на услугата и корисникот сопственик на објектот, брзо и ефикасно се елиминираат проблемите што произлегуваат од тековното работење и за време на деловниот процес и се прилагодува услугата согласно барањата на клиентот а во целосна согласност со високите стандарди за квалитет на компанијата давател на услугите.    

    Facility management ги опфаќа следните услуги:

    • Комерцијално управување со објектот, што подразбира претставување на интересите на сопственикот на објектот пред закупците и државните институции во трговски и правен сегмент.
    • Техничко управување со објектот, што подразбира одржување на системот и опремата според стандардите на производителот, техничките барања и роковите за користење, набавка и попис на потрошен материјал и обезбедување на техничка и деловна документација пропишана со закон и договор со клиентот.
    • Инфраструктурно управување со објектот, што вклучува професионални услуги за чистење, домарска служба и обезбедување.

    Одберете Facility management од ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС и добијте комплетна професионална грижа за одржување и управување на Вашиот имот и зголемена вредност на Вашите објекти.

    Вашиот објект е наша грижа!

Водени од потребите на нашите клиенти, за опфат на сите сегменти во процесот на одржување на имотот, ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС во соработка со нашите реномирани партнери од различни области, повеќе години го реализира концептот One stop shop, преку кој нудиме широка лепеза на професионални услуги во процесот на одржување на имотот.

Преку концептот One stop shop, ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС нуди професионални услуги во следните области:

  • одржување на хигиена,
  • хаузмајсторски услуги (техничко одржување и куќни поправки)
  • обезбедување и видео надзор,
  • сервисирање и одржување на лифтови,
  • сервисирање и одржување на ПП апарати,
  • собирање на комунален смет,
  • чистење на снег,
  • хортикултурно уредување и одржување,
  • молерофарбарски услуги,
  • дезинфекција, дезинсекција и дератизација,
  • и перење теписи и чистење на тапациран мебел.

X

Right Click

No right click